Претседателите и високите претствници на 19-те држави членки на Централно Европската иницијатива денеска ќе ги рзгледаат природните убавини и културните знаменитости на Охрид.

Со брод ќе се прошетаат по Охридското Езеро по што ќе ги разгледаат знаменитостите во стариот дел на градот. За високите гости во катедралата Св. Софија ќе биде приреден концерт на класична музика.

На Плаошник тие ќе бидат пречекани од поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Меѓу претседателите неколкумина се од православни држави, а дел од тамошните цркви го оспоруваат идентитетот на МПЦ. Оттаму средбата на Архиепископот Стефан со политичарите е уште прилика од Охрид да се упати силна порака за македонската посебност и непобитност.

ohridnews