На локалитетот Плаошник врие како во кошница. Над 300 работници, меѓу кои и 50-на студенти по археологија предводени од директорот на Управата за заштита на културното наследство,  Паско Кузман, интензивно работат на истражувањето на просторот на кој ќе биде возобновен Свети Климентовиот универзитет.

Досегашните истражувања покажуваат вообичаени археолошки наоди, вели Кузман. “ Има многубројни керамички садови, над 600 монети од античкиот период и среден век, од Римски и Македонски период, од архитектурата на северните простори откриваме остатоци на куќите уличките и калдрмите кои постоеле тука  до 50-те години од минатиот век кога тука било турско маало, од каде луѓето се иселиле“, објаснува Кузман. Сето тоа се фотографира и документира, а потоа ќе се симнеме подолу за да ги истражиме сите културни слоеви, рече Кузман.


просторот детално се истражува

Меѓу пронајдените бронзени предмети е и сстатуеткаста на  Дедал, таткото на Икар, висока 20 сантиметри, која потекнува од од 3 и 2 век пред новата ера. Овој значаен артефакт е предадаен на конзервација по што како што ќе биде презентиран на јавноста.

Се’ се одвива онака како што е предвидено со динамиката за реализација на првата фаза од возобновувањето на Свети Климентовиот универзитет, вели Кузман. Сега се вршат систематски археолошки истражувања на сите слободни простори на Плаошник со цел да се аналазира просторот и да се утврди каде ќе се лоцира Свети Климентовиот универзитет.“ Се надеваме дека на овој простор или ќе најдеме остатоци од манастирскиот комплекс во кој што функционирал универзитетот или тој ќе биде лоциран на западниот дел каде што нема археолошки остатоци, рече Кузман. Истртажувањето ќе трае до крајот на август или до средината на септември кога ќе биде распишан конкурс за изработка на главниот проект кој ќе се реализира од 2008 до крајот на 2009 година, најави археологот Пако Кузман.

Г. Момироски