Стручни екипи веќе десет дена  вршат  археолошки истражувања на црквата Света Богородица- Перивлепта во Охрид.
-Се уште е рано да се зборува за некакви откритија. Истражувањата се дел  од низата подготвителни активности кои се превземаат пред да започнат конзерваторско- реставраторските работи на црквата Света Богородица- Перивлепта. – изјави Тања Паскали – Бунташеска, директор на Заводот и Музеј Охрид.


Наскоро во Охрид ќе допатуваат експерти од УНЕСКО со чија помош ќе се врши истражување на самата црква. Изготвена е техничка документација која предвидува конзерваторско- реставраторски работи на црквата, на камбанаријата и манастирскиот конак, за што Амбасадата на САД во Македонија издвои 650. 000 долари.


Црквата Св. Богородица Перивлепта се смета за врвно дело на византиската архитектура. Ја изградил војсководецот Прогон Згур во 1295 година. Особено е значајна поради уникатните фрески насликани од врвните мајстори Михаил и Евтихиј Астрапа од Солун, кои поради оштетувањата на покривот и фасадата сега се во многу лоша состојба.

OhridNews