Археолошките истражувања на јужната половина од цитаделата на Самуиловата тврдина се во тек.
Досега се откриени нови простории и коридори од објектот кој според досегашните сознанија бил изграден од страна на Џеладин бег. Во една од просториите која најверојатно имала функција на оружарница или магацин за оружје се откриени остатоци од околу 50 кубури, неколку бодежи и една парадна сабја. Сите наоди имаат големи оштетувања кои настанале по опожарувањето на објектот, велат од Завод и музеј Охрид.
Истражувањата ги раководи Анатоли Арнаудовски, виш кустос од НУ Завод и Музеј – Охрид.
OhridNews