Во склоп на овогодишната програма за финансирање проекти од областа на културата од страна на Министерството за култура и туризам, во тек се истражувањата на Самуиловата Тврдина под раководство на археолог Анатоли Арнаудоски, виш кустос.

Оваа година во тимот беа вклучени студенти од Универзитетот Гете од Франкфурт како и факултетот Саумптентон од Обидинетото Кралство. Фокусот беше ставен на новооткриената некропола од 12 век, фамилијарната доцноантичка гробница како и анализата на фрагменти мозаик пропратени со архитектонски градби во jужниот дел од цитаделата, информираат од НУ Завод и Музеј Охрид.

Додаваат дека најавено е проширување на тимот со уште повеќе студенти од гореспоменатите Универзитети како и интензивирње на подршката од страна на Министерството за доистражување на овој значаен локалитет.

OhridNews