Како би ги заштитила жените од насилства и трговија со луѓе, претседателката на Аргентина Кристина Фернандез де Кирхнер забранила објавување на секси огласи во весниците. Забраната стапила на сила пред неколку дена. Критичарите стравуваат дека актуелната влада на Аргентина би можела овој закон да го употреби против опозиционите медиуми, бидејќи со оваа забрана се укинува еден од најголемите извори на приход за нив.
Многу од медиумите сега ќе зависат од официјалните државни огласи. Забраната, според информациите на владата, ги погодува огласите со текстови и фотографии во кои не се почитува достоинството на жените.