А репрезентацијата в четврток (17 јуни), против селекцијата на Украина, на Националната арена во Букурешт ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство.
Пресметката е да се биде или не за двете репрезентации, кои претрпеа порази во воведните мечеви. Затоа, УЕФА се одлучи довербата за делењето на правдата да му ја додели на аргентинскиот судија Андрес Рапалини.
Ова ќе биде прв пат судија од друг континент да суди на Европско првенство, но УЕФА испраќа порака дека треба квалитет и оти не е важно кој од каде доаѓа.
На Рапалини ќе му помагаат Диего Бонфра и Хуан Пабло Белати. Четврт судија ќе биде Словенецот Славко Винчиќ, додека делагат Ротем Камер од Израел.
Натпреварот се игра во 15 часот.
OhridNews