И покрај петте куршуми што си ги испукал во главата во обид за самоубиство, 84-годишниот Аргентинец останал жив.
Очајнички се обидувал да си го одземе животот, па несреќникот шестиот куршум си го испукал во стомакот, но ни тој не го постигнал саканиот ефект.
И покрај тешките повреди бил при свест кога го нашле. Не бил во состојба да зборува, но седел во фотелја и се разбирал со гестикулации.
Несреќникот најверојатно користел стара муниција која веќе не била убиствена.Инаку уште првиот куршум би бил смртоносен. И самиот пиштол бил прилично стар.
Несудениот самоубиец е однесен во болница каде лекарите го ставиле во кома.