Селекциите на Аргентина и Бразил забележаа нови победи во квалификациите за пласман на Мундијалот следната година совладувајќи ги репрезентациите на Боливија 2-1 односно Перу 4-2.

„Гаучосите“ со пресврт ги освоија бодовите во Боливија. Домаќините поведоа со голот на Марселона Морено во 24-та минута. Фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез погоди за егал во 45-та минута. Аргентина погодокот за победа го постигна во 79-та минута. Стрелец на голот беше Хоакин Кореа.

Селекцијата на Бразил два пати имаше негатива и два пати се враќаше во игра и на крајот победи со 4-2 против Перу на гостински терен. Водство за домаќините носеа Андре Кариљо и Андреа Тапија, а го анулираа Нејмар и Ричарлисон. Потоа на сцена стапи Нејмар кој со нови два погодоци донесе триумф за „кариоките“.

После две одиграни рунди во квалификациите Бразил и Аргентина имаат по две победи, после нив се Колумбија и Парагвај со победа и реми.

Резултати:

Боливија – Аргентина 1-2

Еквадор – Уругвај 4-2

Венецуела – Парагвај 0-1

Перу – Бразил 2-4

Чиле – Колумбија 2-2

OhridNews