Без победник 2-2 (2-0) заврши пресметката помеѓу селекциите на Германија и Аргентина која синоќа се одигра на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.
Во репризата од Мундијалското финале во Бразил 2014 година, двете селекции има по свои 45 минути. Во првиот дел доминираше Германија и успеа да постигне два погодоци, додека во второто полувреме „гаучосите“ возвратија со иста мера за егал 2-2 после 90 минути игра. Стрелци за Германија беа Серж Гнабри и Каи Хеверц додека за Аргентина погодија Лукас Аларио и Лукас Окампос.
Двете селекции настапија со комбинирани состави, но за издвојување е тоа што Аргентина настапи без Меси и повторно успеа да одигра добар и солиден натпревар со Германија.
OhridNews