Селекцијата на Аргентина е нов шампион на Копа Америка. „Гаучосите“ до титулата по пауза од 28 години стигнаа со минималниот триумф (1-0) над Бразил, во финалето кое се одигра на „Маракана“.
Финалето во кое се сретнаа најголемите репрезентативни ривали на светов го одлучи еден погодок. Стрелец на погодокот вреден титула за Аргентина го постигна Анхел ди Марија во 21-та минута од натпреварот. До тогаш во текот на мечот не се случуваше нешто посебно. До крајот на првиот дел Нејмар од слободен удар имаше прилика за егал, но не ја погоди целта.
Во 52-та минута, Ричарлисон постигна погодок, но му беше поништен за офсајд. Истиот фудбалер две минути не реализираше добра прилика. „Кариоките“ немаа одговор за аргентинскиот бункер кој функцонираше беспрекорно. Дури во 83-та минута домаќините имаа шанса, аргентинскиот голман Мартинез го скроти ударот на Барбоса.
Во завршните моменти Аргентина пропушти две прилики да го реши победникот. Меси и Ди Марија имаа по една прилика, но не погодија. Сепак, „гаучосите“ го задржаа минималното водство и го освоија трофејот, кој му го посветија на капитенот Лионел Меси.
Очекувано, Меси ја понесе МВП награда на турнирот. Фудбалерот на Барселона на седум натпревари постигна четири голови и запиша пет интервенции.
OhridNews