Руските сили се подготвуваат за најтешката битка во стратешки важниот јужен регион Херсон, соопшти украинскиот заменик претседател, Алексеј Арестович.

Со Херсон се е јасно. Русите довлекуваат резерви, ја зајакнуваат својата група таму. Тоа значи дека не планираат да се повлечат. Напротив, најтешката битка ќе се води за Херсон, изјави Арестович на неговиот канал на Телеграм.

Јуриј Соболевски, украински регионален заменик за Херсон, кажа дека властите назначени од Москва вршат зголемен притисок врз жителите на градот да се евакуираат.

Руските власти претходно ги повикаа жителите на Херсонската област да се евакуираат и предупредија дека Украина планира офанзива против регионот.

Лондонски „Гардијан“ оценува дека од четирите украински области кои во септември го објавија приклучувањето кон Русија, Херсон е веројатно стратегиски најважниот. Оваа област го поврзува единствениот копнен пат до полуостровот Крим, што Русија го анкетира во 2014 година, и устието на реката Днепар.

OhridNews