Европската куќа на фудбалот (УЕФА) организацијата за Супер купот на Европа 2017 година му ја додели на арената „Филип Втори“ во Скопје.
Во Супер купот на Европа кој е најава за почетокот на европските натпревари се среќаваат победникот од Лигата на Шампиони и Лигата на Европа.
Годинава во Тбисили ќе се сретнат екипите на Барселона и Севиља, следната домаќин е градот Трондхајм, а потоа следува Скопје кој ќе ги собере најдобрите фудбалери во Европа.
Со доделувањето на организацијата на европскиот Супер куп УЕФА ја награди фудбалската федерација на Македонија за доброто работење минатиов период.
Мх.П.