Ј.П. „Билјанини Извори„ – Охрид во пресрет на започнувањето на натпреварувачката сезона 2013/2014 како и во пресрет на Меѓународниот Кошаркарски турнир „Охрид Трофеј 2013“ кој викендов ќе се одржи во Спортската сала „Билјанини Извори“ деновиве ги направи последните подготовки.
Среден е просторот околу спортската сала и внатре во салата, бојадисана е оградата која се наоѓа во склоп на спортската сала, заменети се нефункционалните столчиња со нови и бојадисан е надворешниот дел на спортската сала.
Во склоп на овие подготовки, автентично на еден дел од надворешноста на спортската сала се нацртани графити со спортски содржини.
OhridNews