Телеком Србија и Арена канал групацијата, денеска, објавија соработка односно емитување на мечевите од англиската Премиер лига во следните шест години, почнувајќи од следната 2022/23 сезона.
Премиер лигата е врв во клупскиот фудбал, затоа ни претставува голема привелегија што ќе ја имаме на нашите канали, – рече директорот на Арена канал групацијата, Небојша Жугиќ.
Од ТВ Арена спорт информираат дека се подготвува посебно студио кое ќе послужи за анализа и дебата пред и после натпреварите. Вкупно 380 натпревари ќе бидат емитувани во живо.
OhridNews