Гостиварскиот поп – рок состав „Ареа“ ќе биде пред група на големиот концерт на Лени Кравиц, закажан за 3 август на охридскиот стадион „Билјанини извори“.

Групата која ја паметиме по хитовите “Сите мои слики“, “Ти ми требаш“, итн. ќе има половина саат да ја загрева атмосферта пред стартот на мега звездата.

Влезниците за концертот се веќе во продажба, а во Охрид ќе може да ги набавите во “Зи Зи Топ“, “Кукузел“, кафе бар “Табана“ и кафе бар “Баланс“

Цената на влезниците е 1.000 денари. Еден одреден дел на ВИП влезници за седење ќе биде по цена од 1.200 денари. На барање на фановите на Лени Кравиц ќе има и “фан пит” простор пред самата бина во која само 500 луѓе ќе го гледаат концертот за цена од 1.500 денари.

Цената од 1.000 денари (приближно 16 евра) е дефинитивно најниска цена на целата турнеја на Лени Кравиц која опфаќа над 100 концерти.

М.П.