Според нив тоа ќе го наруши екосистемот и негативно ќе влијае на развојот на овој еколошки чист крај. Жителите на Арбиново деновиве покренаа петиција против изградба на регионална депонија во селото.
– Поради опасноста која демне по здравјето на луѓето, животинскиот и растителниот свет, и убавината на Дебрца, како и да се уништи можноста за рурален туризам, со изградбата на регионалната депонија во с. Арабиново – општина Дебарца, ние сметаме на вашата поддршка за потпишување на петицијата за спречување на изградба на регионалната депонија, се наведува во on line петицијата која деновиве кружи и на интернет.
Покрај петицијата, жителите од Арбиново, упатија и апел до градоначалниците на Општина Дебрца и Општина Охрид да превземат се што е во нивна надлежност за спречување на изградбата на најавената регионална депонија.