После кратката пауза во Куратица повторно на удар казаните за варење ракија(бакарот)
Пред неколку години прв на удар беше бакарниот плех кај новата црква во изградба Св.Богородица , после следуваа неколку куќи со казани, и сето тоа беше пријавено во полиција. Ама никакво фајде од пријавување во полиција, исто како и да ја немаме, се жалат жителите на селото. Беа добиени информации дека се пронајдени крадците и на плехот и на казаните, велат селаните, ама за да не дојде до замерување во селото не ги соопштија имињата(колку е точно не знаеме и ние).
Во недела 18/03/2007 е откриен нов случај на крадење на казан, во куќата на Никола Аврамоски.
Сопственикот го чувал казанот во магацинот до својата куќа на вториот кат. Крадците најверојатно добро ја испланирале акцијата при што се качиле и влегле во просторијата каде што бил казанот , потоа низ прозорецот од кај речното корито бил изнесен надвор.
Незнаеме што уште треба да се случи за конечно полицијата да презерме нешто, револтирани се жителите на Куратица.Тие најавуваат дека доколку МВР не го расветли и овој случај , тие сами ќе се пресметаат со крадците.
Подготви:
Горан Ангелоски