Иновациите го движат светот и ја чуваат околината. Некогаш навидум мали чекори можат да имаат голем бенефит за пошироката заедница. Доказ за тоа е аптекарскиот бренд „Виа Фарм“ кој започна имплементација на револуционерен проект за поставување иновативни системи за електронско означување на производите во своите аптеки кој освен одржливост има и општествено одговорна и еколошка компонента што придонесува за заштита на животната околина.
Овие нови системи, кои всушност се дигитални етикети, не само што го подобруваат искуството на клиентите, туку и значително придонесуваат за поубава иднина за земјата, велат од аптеки „Виа Фарм“.
Со воведувањето на овие напредни системи за означување, ние правиме значаен чекор кон постигнување на своите цели за одржливост и поставуваме нов стандард за секторот. Нашата посветеност за одржливост е водилка за сè што правиме. Веруваме дека мали промени можат да направат голема разлика во градењето поубава иднина за нашата заедница, истакнува Марица Угриновска Баткоска, генерален менаџер на Аптеки „Виа Фарм“.
Новите системи за означување, исто така, ја подобруваат и оперативната ефикасност и го оптимизираат процесот на управување со залихите во аптеките на „Виа Фарм“, со што овој етаблиран фармацевтски бренд демонстрира посветеност кон искористување на технологијата за раст на бизнисот и управување со околината.
Системот за означување аптеки „Виа Фарм“ го имплементира во соработка со „Инфо биро“ Охрид. Тој овозможува дигитализација на цени со што се намалува просторот за човечки грешки, подобра прегледност и интерактивност за купувачот, се отстранува потребата од трошење хартија, принтање и лепење етикети, се штеди и се подобрува ефикасноста во работењето.
Г.М.