Охридските стрелци Јована Милевска, Бојан Спасеновски и Даниел Стојановски забележаа одличен успех на Меѓународниот турнир ЗПГ 2021 во Сандански, соседна Бугарија, освојувајќи златни медали во поединечна конкуренција.
Милевска во конкуренција јуниорки се искачи на првата позиција со резултат од 606,3 кругови. Резултатот не беше на нивото од Милевска, но доволен за прво место на турнирот во Бугарија. Спасеновски на првото место финишираше во конкуренција јуниори со резултат од 599,4 кругови. Вистинско изненадување беше пласманот на првата позиција од Стојаноски. Во конкуренција помлад јуниор со резултат од 356.9 кругови (од 40 дијаболи) Стојаноски заврши пред ривалите.
Охридскиот стрелачки клуб настапи во скратен состав, но и со три стрелци успеа да се закити со златен медал во екипна конкуренција.
За Милевска нема одмор, бидејќи веќе ги стартуваше подготовките во Велес, за претстојното Европско првенство кое ќе де одржи во Осијек, Хрватска. За жал, повик не доби и Бојан Спасеновски, кој се покажа во добро светло изминатиов период.
OhridNews