Со свој личен рекорд од 415,4 круга Бојан Спасеновски од ЖСК „Лихнидос”, се закити со златен медал во апсолутна категорија (мажи, жени – пушка) на традиционалниот турнир „Македонија Опен” што се одржа по повод празникот 11-ти Октомври на стрелиштето Марко Цепенков во Прилеп.

Во истата категорија Кристијан Балоски од СК „Охрид” се пласира на шестата позиција со резултат од 396,6 круга. Во дисциплина воздушен пиштол исто така во апсолутна категорија Стефанија Вељаноска од СК „Охрид” се пласира на четвртата позиција со резултат од 349 кругови, Иван Милевески од истиот клуб со резултат ссо 336 круга се пласира на осмата позиција, додека со два круга помалку Климент Мостро од ЖСК „Лихнидис” се пласира на деветата позиција.

Резултатите на младите охридски стрелци се извонредни, со оглед на тоа што настапуваат во иста категорија со далеку поискусни и професионални спортисти.

OhridNews