Четири лица се уапсени во Белгија, а едно лице во Франција поради планирање на терористички напади. Белгиското обвинителство соопштило дека две лица се уапсени откако било пронајдено оружје во две куќи во Брисел. Белгиската радио-телевизија објави дека уапсените се поврзани со бриселскиот мото-клуб „Камикази рајдерс“, чии членови претежно се по потекло од Северна Африка и кои претходно се поврзувани со милитантни групи.
Уапсените планирале да извршат напад, но немале одбрано одередена мета, затоа што плановите биле во почетна фаза. Француската полиција потврди дека уапсеното лице е поврзано со група за која се смета дека планирала терористички напад.
Обвинителството тврди дека оваа истрага се води одвоено од истрагата за смртоносните напади во Париз во кои во ноември 2015 година загинаа 130 луѓе.
Четири месеци подоцна во терористички напад во Брисел загинаа 32 луѓе.
OhridNews
Макфакс