Наспроти дебелото криминално досие, еден белгиец успеал да се вработи во една од главните полициски станици во белгиската престолнина.

Имајќи предвид дека работел на одржување, имал клучеви од сите простории во комесаријатот. Полицијата подоцна утврдила дека е апсен дури 40 пати, помеѓу останатото за насилни грабежи и препродавање на дрога, а од затвор излегол само две недели пред да се вработи.


Кандидатите кои сакаат да работат во полиција обично мораат да поднесат потврда за добро однесување, но поранешниот затвореник со разни образложенија успеал да го избегне тој момент и да ја добие службата.

За време на тие две недели, без проблеми работел во полициската станица, додека еден од полицајците не го препознал. Веднаш потоа добил отказ.