Ноќеска околу 02.15 часот на ул.,,Кеј Македонија“ во Охрид, полициски службеници лишиле од слобода 21-годишно лице од Свети Николе, кај кое при преглед била пронајдена дрога марихуана. Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Синоќа во 23.20 часот на плажата кај Парк во Охрид, полициски службеници лишиле од слобода 32-годишно лице од Скопје, кај кое исто така била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.
OhridNews
Фото: Архива