Некои луѓе сметаат дека овој ” празник” кој се слави во целиот свет, се појавил кон крајот на средниот век во Европа како “Ден на сите луѓе”, кој претставувал општонародна веселба. Некои веруваат дека корените на овој празник допираат до стариот Рим, познат и по тоа што жителите знаеле добро да се забавуваат. Други велат дека тој обичај се појавил во 16 век во Франција, околу 1564 година, а за оној кој е “насамарен” имале обичај да кажат дека добил “априлска риба”.
Германците сметаат дека е тоа ден кога се чувствувате малку несреќни, а своите лоши чувства ги поврзуваат со “насамарувањето”. За разлика од овие земји, во Германската провинција Баварија шеги слични на првоаприлските се случуваат дури на 1 мај.
Без разлика на обичаите во различни земји, важи правилото дека кога слатко ќе се насмееме стануваме поопуштени, поубави и задоволни. Хуморот ни помага полесно да надминеме некоја непријатна или тешка ситуација, а кога ќе се насмееме на своја сметка, стручнаците тврдат дека си помагаме на самите себе и на другите, па затоа народот ја измислил поговорката “смеењето е најдобар лек за се”.