Следните два месеци во Охрид ќе поминат во знакот на ракометот и ракометните збиднувања.

Ракометното „лудило“ ќе започне во првиот ден од денот на шегата кога машката ракометна репрезентација во Охрид ќе ги започне подготовките за бараж натпреварите со Грција за мундијалот во Катар следната година.

Лудилото ќе го достигнеше врвот ако на подготовките во Охрид се појаваше и првата виолина во селекцијата Кирил Лазаров, министерот за одбрана Борко Ристовски и Наумче Мојсоски, кој подолго време е надвор од терените.

Репрезентативците во Охрид ќе останат до шест април и веднаш потоа ќе продолжат со обврските во клубовите.

На крајот од мај Охрид за прв пат ќе биде домаќин на завршница од Купот на Македонија, а за трофејот за очекување е да се борат Металург и Вардар ако не се сретнат пред финалето.

Постои опција по извлекувањето на четвртфиналните групи, охридска екипа да предложи да биде домаќин во групата каде се наоѓа.

На сево ова кога ќе се додадат и натпреварите на Охрид на домашен терен кои секогаш се проследени од минумум 1 500 гледачи охриѓани ги очекува двомесечна ракометно еуфорија.

Мх.П.