Агенција за промоција и поддшка на туризмот на Република Македонија вчера преку јавно соопштение информираше дека засега нема одложување на планираните патувања кон Македонија од странство.

-Во изминатиов период Македонија преживеа тешки моменти. Вооружена криминална група создаде закана по безбедноста на граѓаните на што полицијата реагираше соодветно и решително. Кримниналната група беше неутрализирана, а опасноста целосно отстранета. Воедно, Ве информираме дека планираните патувања кон Македонија од странските партнери течат според предвиденото, односно, без откажувања во однос на резервациите кон Македонија, се вели во писменото соопштение.

Во него се потенцира дека според Светската туристичка организација (UNWTO), Македонија последните години е помеѓу земјите со најбрз раст во туризмот од земјите во Европа во однос на странски посетители. 

Перогнозите на АППТ се дека во 2015 година Македонија ќе забележи раст во туризмот кој ќе надмине 10%.

OhridNews