Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) потпиша Меморандум за разбирање со Swisscontact како организација за спроведување на Швајцарската програма за промоција на извозот (SIPPO) во име на Швајцарскиот државен секретаријат за економски прaшања SECO (Swisscontact/SIPPO).
Овој меморандум се потпишува врз веќе воспоставената повеќегодишна соработка со SIPPO, а во 2024 година фокус на интерес и соработка ќе биде поддршка во областа на одржлив туризам и тоа за активности поврзани со учество на Агенцијата за туризам заедно со туристичкиот сектор на интарнационалниот саем во Берлин, соопшти АППТ.
Поддршка во креирањето на акциски план и вмрежување за време на саемот и последователни активности, како што се организирање на информативни патувања и B2B состаноци во замјава, а во соработка со германски здруженија на туроператори. Следна активност за соработка со Агенцијата за туризам е развој на одржливи форми на туризам и зајакнување на капацитетите за зелени дестинации и нивна сертификација.
Целта на соработката помеѓу Swisscontact/SIPPO и АППТ е подобрување на активностите за пристап до туристички пазари, учество на саеми, дигитализација и одржливост, обезбедување услуги за промоција и институционално зајакнување. Соработката ќе се води според принципи на одржливост, синергија и флексибилност, наведуваат од АППТ.
OhridNews