Apple работи на ковертор на говор во текстуална порака кој би излегол од рамките на традиционалното телефонирање. Замислениот патент би можел да ја најде својата примена во случај кога корисникот на iPhone нема да може да зборува поради гласни звуци околу себе. Говорот на лицето кое зборува од другата страна на линијата автоматски би се конвертирал во текстуална порака доколку бучавата во микрофонот е преголема.Во обратен случај (на работни состаноци и слично) корисникот би имал можност со пишување на порака, истата да ја претвори во говор за лицето од другата страна на слушалката.
Apple развива конвертор на говор во текстуална порака
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com