Јапонскиот милијардер кој помина 12 дена на Меѓународната вселенска станица денеска се врати на Земјата, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Јусаку Маезава, 46-годишен милијардер, неговиот помошник Јозо Хиноро и рускиот астронаут Александар Мисуркин се спуштија со падобран во казахстанската степа околу 03.13 часот по Гринич.

Заврши туристичкиот лет на леталото Сојуз МС-20, се наведува на веб-страницата на Роскосмос.

Двајцата Јапонци се првите туристи кои сами си го платиле патувањето. Ова е прва туристичка посета на вселенската станица од 2009 година. Цената на патувањето не е објавена. Беше планирано Хиноро да ја сними целата мисија.

OhridNews