Пливачката федерација на Јапонија до крајот на годината го суспендираше актуелниот светски шампион во пливање на 200 и 400 метри, Даија Сето. 26-годишниот пливач суспендиран е поради изневерување на сопругата,  со што го скршил моралните вредности, дисциплината, почитувањето на принципите и правилата.

На Сето му била одземена и капитенската лента од пливачката репрезентација, а вонбрачната врска ја признал сам пред да биде јавно обелодената.

Искрено се извинувам, сакам да продолжам да пливам, притоа и да ја обновувам довербата на семејството кое е длабоко повредено од моето неодговорно однесување. Сакам одлучно да тргнам од почеток, за семејството и сите други повторно да ме препознаат како врвна спортска личност и пливач. – изјаив Сето.

Сето на клупските и репрезентативните обврски ќе му се врати во 2021 година и ќе конкурира за место во јапонската постава за Олимписките игри во Токио.

 

OhridNews