Бројот на загинати во невремето проследено со пороен дожд, поплави и свлечишта во Јапонија, се зголеми на 85, а 44 лица се водат за исчезнати. Милион и пол луѓе ги напуштија домовите, соопштија јапонските власти.

-Вакво невреме до сега не се памети во Јапонија. – ја пренесувуваат изјавата на одговорните во националната метеоролошка агенција, светските агенции. До овој момент во погодените подрачја во западна и централна Јапонија наврнало три пати повеќе дожд од просекот за јули.

Јапонската влада ангажираше над 54 000 спасувачи, кои им помагаат на луѓето во погодените подрачја, каде според прогнозата се очекува уште еден ден со обилни врнежи од дожд.

OhridNews