Лекарите во Јапонија ќе треба да фрлат дел од вакцините против коронавирусот, произведени од американската фармацевтска компанија Фајзер, поради недостиг на доволен број специјални шприцеви, соопшти денеска генералниот секретар на јапонската Влада Кацунобу Като.
Не е лесно да се купи точна количина на овие специјални шприцеви, нема толку многу во светот, објасни тој, додавајќи дека Токио во моментов преговара со неколку производители.
Секоја вијала од вакцината на фајзер содржи количина за шест инјекции, но само специјални шприцеви можат да ја извадат целосно. Употребата на обични шприцеви овозможува употреба на само пет дози од вакцината.
Останатиот дел од содржината на ампулите ќе треба да се фрли, призна генералниот секретар на кабинетот.
Поради тоа, со веќе нарачаната серија вакцини од Фајзер ќе можат да се вакцинираат околу 60 милиони луѓе, наместо првично планираните 72 милиони.
Вакцинацијата во Јапонија ќе почне утре.
OhridNews