Тоширо Муто, генерален секретар на Организациониот комитет „Токио 2020“, зборуваше за трошоците на Јапонија, земјата домаќин на Олимписките игри.
Вкупните трошоци за организација на Олимписките игри, кои беа на товар на владата на Јапонија и властите на Токио, изнесуваат 15,4 милијарди долари, рече Муто за време на 138. сесија на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Муто истакна дека буџетот за Игрите е ревидиран по одложувањето на една година. Дополнителни 900 милиони долари беа потрошени за создавање безбедна средина за турнирот.
Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август. Турнирот е одложен од 2020 година поради пандемијата на коронавирус.
OhridNews