Фудбалерот на Салзбург Такуми Минамино, денеска, ќе допатува во Ливерпул каде ќе ги изврши потребните лекарски прегледи пред да им се приклучи на „црвените“ во зимскиот преоден рок.
Финансиските детали не се познати, а англиските медиуми пишуваат дека европскиот шампион на австрискиот првак ќе му исплати 15 милиони, колку што изнесува откупната клаузула во договорот на Јапонецот.
Брзоногиот крилен фудбалер германскиот стручњак Јирген Клоп го воодушеви во пресметките помеѓу Ливерпул и Салзбург во Лигата а Шампиони. Минамино погоди за Салзбург во поразот 4-3 на Енфилд и константно му правеше проблеми на последната линија од составот на Ливерпул.
Јапонскиот фудбалер сезонава во австриската Бундес лига на 22 натпревар има постигнато 11 погодоци и девет пати успешно асистирал за погодок до соиграчите.
OhridNews