За само неколку долари жените можат да примат известување на својот Ајфон за најплодните денови во месецот. Со други зборови, во даден момент се активира аларм за правење бебе.
Д-р.Бернштајн, директор на клиниката за потпомогнато оплодување од Австралија, вели: Кога ќе видиме парови кои се обидуваат да добијат бебе, им советуваме да се служат со следење на плодните денови, а тоа е сега достапно на Ајфон и доста е евтино и практично. Додава дека повеќето од неговите клиенти веќе ја набавиле апликацијата.
Социолозите се согласуваат дека технологијата денес е неизоставен дел од човечкиот живот до таа мерка што жените денес ја користат за полесно да забременат.