Компанијата „Ејпл“ одобрила „Ајфон“ и „Ајпод“ апликација за „лекување“ хомосексуалци. Апликацијата со наслов “Exodus International” објаснува дека геј луѓето имаат избор за својата сексуалност и им дава шанса за ослободување од хомосексуалноста низ моќта на Исус Христос. Бесплатниот програм кој е достапен во Британија, добил четири од пет ѕвезди, што значи дека нема непожелна содржина.


Компјутерската компанија поради тоа се нашла под голем притисок на оние кои го осудуваат овој потег. Геј активистите започнале со потпишување петиција за повлекувње на оваа апликација, а биле собрани 35 илјади потписи со кои се бара „Ејпл“ јасно да изнесе став дека тоа е неприфатливо.