Актерите на независната аматерска театарска група „Аматер“ беа наградени со долг аплауз од публиката која присуствуваве на синоќешната премиера на претставата „Ти во седум бои“, што беше изведена на малата сцена при Центарот за култура. Претставата што „Аматер“ ја подготви во соработка со повеќе охридски уметници, е работена според книгата раскази „Монахот што се плашеше од смртта“ на Горан Василевски, во режија на Јован Цветкоски.

Во претставата играат: Емилија Колоска, Јован Цветкоски, Евамарија Баткоска, Михаил Талев и Климентина Гилевска. Музиката е на Никола Јосифоски, Христијан Томевски, Ангел Трајковски и Јован Поп-Стефанија, сценографија Катерина Слатинова, светло Борис Велјаноски, а тон Илија Левески. Претставата е посветена на проф. д-р. Јован Стојаноски и Андреј Лаброски.

Сите што не успеаја да ја погледнат премиерата, вечерва, 14 април, имаат можност да ја проследат првата реприза со почеток во 20 часот во Центарот за култура.

Влез: 150 денари.

OhridNews
фото: Анамарија Момироска