Александар Далчески сезонава ја започна својата втора година во „зелено белиот“ дрес од Металург. Фудбалерот за врска на „Железара“ пристигна од Охрид 2004 каде играше позначајна улога во успесите на „рибарите“.


– Првата сезона во Металург беше како од соништата за мене. Одиграв многу повеќе натпревари од тоа што очекував по моето доаѓање на „Железара“. Но, за да биде ситуација каква што е сега јас работев напорно, кога грешев не се предавав и успеав да се наметнам кај двата тренери кои ми беа минатата сезона
– рече Далчески.

Вицешампионската позиција не ги задоволи апетитите на популарниот „Далче“ и екипата на Металург. Тие во Охрид се припремаа за мечевите во Лигата на Европа и престојниот шампионат во Македонија.

– Минатата сезона е зад нас иако за сите нас беше успешна. Нам ни преостанува добро да се подготвиме за престојната сезона која ја почнавме многу рано, но тоа нема да ги намали нашите апетите бидејќи тие се секогаш реални и остварливи –
заврши „Далче“.

Мх.П.