Апелациониот суд ја укина пресудата за портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов во спорот против поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкулоска.

Основниот суд Скопје два, лани во февруари, го прогласи Шилегов за виновен затоа што не ја кажувал вистината кога на прес конференција кажа дека Јанкулоска дури била на власт го зголемила нејзиниот имот четирикратно.

Со тоа Шилегов требаше за клевета да и плати отштета на Јанкулоска од еден милион денари. Сега, Апелација утврди дека нема основа за клевета затоа што податоците за имотот на Јанкулоска се добиени од државни институции.

Предметот сега се враќа на повторно судење. Апелација вели дека кога првостепениот суд одново ќе го разгледува предметот треба да утврди дали изнесените податоци се од јавен интерес, затоа што Јанулоска во тоа време беше функционер и врз тоа одново да се оценува дали е нанесена клевета.

OhridNews

Извор: „Телма“