Според оваа телевизијаза предметот за останатите четворица осудени, меѓу кои има и охриѓанец, се враќа на повторно судење поради суштествени повреди во постапката и недостаток на докази.
Пред речиси една година Основниот суд го осуди екс министерот Бучковски на 3 и пол години затвор за набавка на прекумерна количина резервни делови за тенкови. И поранешниот началник Методиј Стамболиски доби истата казна.Двајцата логистичари во одбраната Ацо Ѓурчевски и Нелко Менкиновски, но и директорот на МЗТ ФОП Митре Петковски, беа осудени на тригодишни казни затвор. Осудените без задолжени и солидарно во буџетот да вратат 2,4 милиони евра. Обвинетите и тогаш судскиот процес го оценија како лов на политичките неистомисленици, отколку откривање на матниот криминал, пренесува А1.