Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда која ја донесе Кривичниот суд Скопје, со што на новинарот Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан, кои СЈО ги гонеше за бесправно градење викендички во Зелениково во предметот „Тревник“, повторно ќе им се суди, јавува „Макфакс“.

Првостепената пресудата ја изрече судијката Марија Клетничка-Марковска, која заедно со судечкиот совет констатираше дека браќата Павловиќ немале сторено кривично дело. Пресудата беше донесена во јули 2019 година, а ја обжали тогашната специјална обвинителка Катица Јанева. Обвинението го застапуваше обвинителката Елизабета Јосифовска, пишува истиот извор.

Според обвинението, во временскиот период од јули 2011 година до јануари 2013 година во општина Зелениково, спротивно на Законот за градење, обвинетите граделе без одобрение од надлежен орган, на земјиште кое е во нивна сопственост.

OhridNews
Извор: Макфакс“