Во пресрет на одржувањето на Самитот на претседатели на држави од Централна Европа во Охрид, локалната самоуправа упати апел до граѓаните да покажат, како што се наведува во соопштението, разбирање за активностите на општинските служби и јавните претпријатија за уредување на градот. Посебно се апелира до жителите на стариот дел, каде во тек се повеќе активности со кои во одредени ериоди се нарушува нормалното секојдневие. Посебен апел се упатува до жителите во близина на некогашниот објект на Библиотеката на чие уривање интензивно ќе се работи во наредените десеттина дена.
библиотеката ќе се урива во наредните десетина дена
Во меѓувреме општинските служби продолжуваат со уредување на инфраструктурата и зеленилото на местата каде ќе минуваат високите делегации. Се уредува парк шумата во стариот дел на градот околу Самоиловата тврдина, а паралелно со оваа активност течат и поправките на калдрмата на улицата „Илинденска“.
се уредува зеленилото…
(фото општина Охрид)
…се санираат и улиците во стариот дел на Охрид
ohridnews