Граѓаните и туристите кои во текот на денешниот ден и претстојниот викенд планираат да одат на излет во природа, да внимаваат каде палат оган за скара, апелираат од територијалната противпожарна единица oд Охрид.

-По традиција првомајските скари во природа се неизбежни, но оние кои што ќе ги палат треба да внимаваат на локациите каде ќе ги постават скарите. Тие не треба да бидат во близина на лесно зпалива и сува вегетација и во близина на предели со шума, бидејќи во присуство на ветар огнот може лесно да се прошири. Исто така треба да се води сметка и за гаснењето на огнот од скарите по нивното користење, вели Спасе Прентоски, командир на Противпожарната единица во Охрид.

Освен излетничките скари, поголем пожар може да се предивика и при палењето на стрништа, плевел и други растителни отпадоци.

-Голем дел од земјоделците во овој период од годината ги расчистуваат своите обработливи површини и имаат практика собраниот зелен и сув отпад да го палат. Многу често при ваквите обиди, оганот не може да се исконтролира и се предивикува пожар. Затоа апелираме до граѓаните да не палат стрништа и зелениот отпадот да го депонираат како смет, вели Прентоски.

Тој информираше дека поради наконтролиран оган од запалена сува вегетеција, вчера попладне бил предивикан пожар на отворен простор на потегот кај Горица, но со брза интервенција на пожарникарите било спречено неговото проширување.

OhridNews