Охридскиот Црвен крст се приклучи на апелот на националнота организација за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес што го зафати островот Хаити и на погодените од поплавите што ја зафатија Албанија.

Црвениот крст упати апел до граѓаните и компаниите да ја искажат својата солидарност и да донираат средства во фондот за солидарност на жиро сметката: 300000001327966, даночен број 4030984271620 АД Комерцијална банка – со назнака помош за настраданото население од кататрофалниот земјотрес што го погоди Хаити, односно помош за настраданото население од поплавите во Р. Албанија.Граѓаните на Македонија исто така можат да донираат сто денари на телефонскиот број 143-400 од сите мобилни оператори за помош на населението во подрачјата зафатени од поплава во Албанија, како и на телефонските броеви 070/ 143 403; 075/ 143 300 и 077/ 143 900 за помош на настраданите во земјотресот на Хаити.

Средствата можат да се донираат до крај на месец јануари и тие ќе бидат префрлени на Црвениот крст на Албанија, односно на Меѓународниот црвен крст и Црвена полумесечина за помош на настраданите на Хаити.

Ohridnews