Управата за јавни приходи информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница https: ujp-gov.mk/potvrda.

Граѓани, никако не отворајте ја оваа лажна веб страница, бидејќи од вас бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка и да пополните слика од вашата лична карта. Споделувањето на Вашите лични податоци преку оваа лажна веб страница може да предизвика нивна злоупотреба, информираат од УЈП.

Потенцираат дека веб страница е лажна, не e во сопственост на Управата за јавни приходи, а испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба.

Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба, велат.

OhridNews