Во последниве години се бележи пад на бројноста од сите 250 вида пчели кои живеат во Британија, па владата дошла на идеја да им предложи на жителите да одгледуваат медоносни пчели. Во Англија и Велс постојат околу 250 илјади колонии на медоносни пчели кои ги опрашуваат различните посеви. Нивната пазарна вредност се проценува на околу 200 милиони фунти.
Во последниве две години бројот на пчели опаднал за 15 %, што се одразило и врз производството на храна. Намалувањето на бројноста е предизвикано од повеќе фактори, а пред се од губење на живеалиштата.