Црвен крст Охрид упатува апел за крводарување до сите кои ја извојуваа битката со COVID-19, да им помогнат на оние кои во моментов се борат со вирусот за својот живот.

Луѓето кои се излекувани од COVID-19 инфекцијата, во нивната крв имаат супстанци наречени антитела кои се способни да се борат со вирусот затоа нивната плазма е драгоцена во борбата со истиот. Кој може да дарува конвалесцентна крвна плазма? Лица оздравени од инфекција COVID-19 кои ги исполнуваат стандарните услови за дарување (да немаат акутна или хронична болест, да се на возраст од 18 до 65 години, телесна тежина над 55 килограми) и дополнителните критериуми:
– да имаат документиран лабораторски доказ дека биле болни од COVID-19
– позитивен PCR тест или позитивен тест за антитела
– да се поминати најмалку 28 дена од последен симтом (или повеќе во зависност од клиничката слика) – се вели во апелот.

Пред дарувањето се прават потребните испитувања, а самиот чин на дарување крв е вообичаен и безбеден, во согласност со сите протоколи и мерки за заштита. Крводарителите треба да се обратат во Службата за трансфузиона медицина во Охрид.

OhridNews