Туризмот одамна не е импровизација, а Охрид и туристичките работници во градот се повеќе го истакнуваат тоа, со понудата која од година во година е се подобра и поатрактивна. Пример за тоа е новиот апартмантски комплекс „All Seasons“, кој со работа ќе почне оваа туристичка сезона.

Сместени во вториот ред од езерскиот кеј, на улица „Партизанска“, во непосредна близина на Факултетот за туризам, апартманите „All Seasons“ нудат извонредни услови за престој во Охрид.

Апартманите се модерно и стилски опремени, впрочем како и целиот комплекс во кој се наоѓаат. Покрај стандардната понуда, имаат и 24 часовно обезбедување, сервис за чистење, паркинг. Покрај внатрешноста се одржува и надворешноста на објектот и парковите кои се меѓу најуредените во градот.

На 5 минути пеш од центарот за Охрид со стил кој плени, новиот апартмантски комплекс „All Seasons“ не само што квалитативно ќе ја збогати понудата на градот, туку е и додадена вредност на охридскиот туризам.

OhridNews

Фото: А.Момироска