Сите фанови на Џејмс Бонд кои ќе се најдат во Париз можат да го посетат апартманот во хотелот „Севен“, кој е потполно уреден во стилот на најпознатиот таен агент 007. Апартманот претставува спој на футуристички и ретро стил. На гостите им се на располагање сите филмови со агентот кои можат да ги гледаат на голем ЛЕД екран, сијалици во облик на револвер, кабина со турска бања, златни тоалети, бројни мириси за разни расположенија, посебно дизајниран апарат за еспресо, како и “WiFi” и “iPod” приклучоци.


За да се почувствува потполното уживање во стилот на Џејмс Бонд и неговиот авантуристички дух треба да се издвојат 485 евра. Инаку во овој луксузен хотел се наоѓаат уште 28 тематски апартмани меѓу кои најпосетувани се „Алиса во земјата на чудата“, кој ги спојува луксузот и разиграноста, потоа апартманот „Марија Антоанета“ кој со својот специјално дизајниран намештај, материјал и атмосфера ја раскажува една од најголемите љубовни приказни од францускиот кралски двор.